ЕБОР: Македонската економија подобра од очекуваното

Bez autora
Jul 24 2011

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) излезе со оптимистички прогнози дека на македонската економија годинава ќе оди подобро од првичните проекции. Во најновиот извештај ЕБОР прогнозира дека економијата во земјава годинава ќе има раст од 3,1 отсто, со што ги ревидира проекциите кои ги даде во мај. Според нив, растот требаше да биде 2,5 отсто. Според ЕБОР, следната година на македонската економија ќе ~ оди полошо од планираното. Односно, во 2012 ќе има раст од 3 отсто, за разлика од претходно проектираниот 3,1 отсто. Босна и Херцеговина, Македонија и Србија имаат придобивки од глобалната побарувачка на метал од регионот. Економскиот раст во Македонија е уште повеќе засилен со сегашниот брз пораст во градежниот сектор, додека растот во Србија се должи на големите инфраструктурни проекти и програми за заеми преку субвенции.

ЕБОР: Македонската економија подобра од очекуванотоЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) излезе со оптимистички прогнози дека на македонската економија годинава ќе оди подобро од првичните проекции.

Во најновиот извештај ЕБОР прогнозира дека економијата во земјава годинава ќе има раст од 3,1 отсто, со што ги ревидира проекциите кои ги даде во мај. Според нив, растот требаше да биде 2,5 отсто.

Според ЕБОР, следната година на македонската економија ќе ~ оди полошо од планираното. Односно, во 2012 ќе има раст од 3 отсто, за разлика од претходно проектираниот 3,1 отсто.

- Босна и Херцеговина, Македонија и Србија имаат придобивки од глобалната побарувачка на метал од регионот. Економскиот раст во Македонија е уште повеќе засилен со сегашниот брз пораст во градежниот сектор, додека растот во Србија се должи на големите инфраструктурни проекти и програми за заеми преку субвенции - пишува во извештајот на ЕБОР.

Банката ги ревидира надолу бројките за Бугарија, Црна Гора и Хрватска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik